Славната тенисерка Серена Вилијамс мора дневната соба да ѝ ја препушти на едногодишната ќерка Олимпија. Нејзините играчки го заземале речиси целиот простор, а тоа е проблем со кој се среќаваат сите родители.
“Понекогаш морам да ги подигнам рацете. Оваа мајка имаше дневна соба. Сега има соба за играње. Кога се случи тоа”, напиша 37 годишната тениска легенда под фотографијата на која позира во собата натрупана со играчки.
Серена очигледно се предаде и се откажа од идејата дека дневната соба мора да биде уредна и наменета за возрасните. Нејзините фанови се поистоветуваа со неа.
“Ти барем можеш да се движиш во дневната соба, јас не можам ниту тоа”, напишала една мајка додека друга признала: “Стаклената маса ја отстранивме пред четири години. Еден ден ќе се врати”.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.