Посебно го привлекувале казината “Сенатор“

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Ш.И. (27) од село Грчец поради основано сомнение дека извршил три кривични дела „разбојништво“ при што стекнал противправна имотна корист од околу 408.000 денари.
Кривичните дела ги извршил во август годинава на подрачјата на Ѓорче Петров, Карпош и Гази Баба, сите во објекти на казино “Сенатор“ и на идентичен начин – на местото на настаните доаѓал со мотоцикл “Кимко“ (без регистарски ознаки), се паркирал пред казината, влегувал и со закана со пиштол од вработените барал пари.
Врз основа на преземените оперативни мерки и активности се обезбедени материјални докази, а на 6-ти минатиот месец на улицата „Козле“ кај детското игралиште покрај кејот на реката Вардар е пронајден мотоциклот „Кимко“ и е предаден за крим-техничко вештачење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.