Арктички бран го зафати северниот дел од САД, со многу ниски температури во Монтана и во Северна Дакота и обилен снег во другите делови на земјата.Снегот и мразот предизвикаа хаос на патиштата и стотици сообраќајни несреќи. Поради поледицата загинаа најмалку шест лица.
Најтешка сообраќајна несреќа беше верижниот судир во близина на Балтимор, при што загинаа две лица, а 15 се повредени.
– Жителите на Северна Дакота се соочуваат со студ што би можел да ги загрози животите, соопшти Националната метеоролошка служба.
Во Монтана луѓето беа предупредени да се заштитат од хипотермија, додека вчера е измерена рекордно ниска температура од минус 34 степени Целзиусови.
Меторолозите истакнуваат дека арктичкиот бран од Канада ги зафати американските сојузни држави во северниот дел и во средниот запад.
Висконсин, Индијана, Вермонт, Њу Хемпшир и Мејн се погодени од снежни бури.
Ситуацијата во Канада е исто лоша.
Ветерот се движи со брзина од 60 до 80 километри на час, а снежната покривка достигна до 15 сантиметри. Поради снегот откажани се над 200 летови од аеродромот во Торонто, а на аеродромот во Отава откажани се 30 летови.
Во централните и западните провинции на Канада се усложнува ситуацијата од екстремно ниските температури. Во Манитоба, во Саскачеван и Алберта температурата на воздухот се спушти и до минус 35 степени Целзиусови, а на одредени места поради ветерот температурата се спушти до минус 45.
На граѓаните им е препорачано да останат во домовите.Снегот и мразот предизвикаа хаос на патиштата и стотици сообраќајни несреќи. Поради поледицата загинаа најмалку шест лица.
Најтешка сообраќ