Неодамна, научниците потврдија дека е подобр да се биде сам отколку со погрешна личност. Студијата е објавена во магазинот „Семејна психологија“ и според нејзините резултати, подобро е да се биде сам отколку во лош однос, бидејќи таквите односи се блиско поврзани со физичкото и ментално здравје.
Истражувањето е спроведено од страна на универзитетот Бафало во Њујорк како двегодишен експеримент во кој биле вклучени околу 100 млади луѓе, кои биле во сериозни врски.
Резултатите покажале дека партнерите кои се чувствуваат пријатно во врската, имаат големо разбирање еден за друг и не се соочуваат со секојдневни конфликти бидејќи знаат дека тие не се ниту решение за проблемите, ниту пак се здрави доколку се пречести. Според Ешли Барен, главен автор на истражувањето, недостатокот на стабилност во односите е поврзан со депресија, зависност од алкохол и многу други здравствени проблеми.
На пример, една личност која постојано има кавги со својот партнер, се соочува со 8.5 % поголем ризик од кардиоваскуларни заболувања отколку некој кој е сам или во среќна врска.