Застрашувачки детали од трагедијата која го обви Бразил во црно: Откриено е зошто резервоарот на авионот бил празен!

Два дена по страшниот пад на авионот со фудбалери од бразилскиот клуб Чапокоензе во кој загина 71 лице, на виделина почнаа да излегуваат детали и потенцијални фактори за несреќата.Вчера за прв пат беа објавени изјави на некои од преживеаните, а денес бразилскиот весник „О Глобо“ објави информација дека авионот останал без гориво, што им го потврдија колумбиските службеници.
„Пракса е авионите секогаш да остават гориво за најмалку дополнителни половина час за да можат во случај на нужда да слетаат на алтернативен аеродром“ – додаде службеникот за цивилна заштита Фреди Бониља.
„Во овој случај авионот немаше гориво за таа опција, а како што моторите се извор на електрична енергија, така и со снемувањето гориво откажа електрониката“ – објаснил Бониља.
Веројатно недостатокот на гориво во авионот се крие во задоцнетото доаѓање на тимот од бразилски Сао Паоло во Санта Круз де ла Сиера во Боливија, поради што е откажано планираното спојување и точење гориво на аеродромот Цобија во истата држава, која е оддалечена час ипол летање од Санта Круз де ла Сиера.
Имено, аеродромот не работел ноќе кога авионот со фудбалерите, вработените во клубот и новинарите требало да слета таму.
Покрај ова застрашувачко откритие и снимката од последните минути од летот открива прилично хаотичен разговор со контролата на лет во Меделин.
Пилотот неколку пати побарал дозвола да слета поради „проблеми со гориво“, додека контролорката на летот објаснувала дека друг авион кој имал механички проблеми, има приоритет и го замолила пилотот да причека уште седум минути.
Пилотот станал очаен.
„Електрониката откажа, останавме без гориво“ – се пожалил пилотот кога авионот бил на висина од 2745 метри, четири минути пред да удри во планина.
Пред да се прекине врската со контролната кула, пилотот последен пат замолил: „Вектори госпоѓице. Вектори за слетување.“Вчера за прв пат беа објавени изјави на некои од преживеаните, а денес бразилскиот весник „О Глобо“ објави информација дека авионот ост

Пронајдете не на следниве мрежи: