Утрово населба Ѓорче Петров енормно загадена

Додека апликацијата “Квалитет на воздухот“, поставена на веб страницата на Министерство за животна средина, не работи – апликацијата “Мој воздух“, преку која се информираме за загаденоста на воздухот во Скопје, но и во Македонија, утрината покажува неверојатни 1999 ПМ честички во воздухот во населбата Ѓорче Петров. Другите вредности во скопскиот регион се во границите на нормалните, со тоа што од шест инструменти за мерење на ПМ10 честичките во воздухот во Скопје, во моментов надвор од функција се тој на мерното место во Гази Баба и на мерното место во Лисиче.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, пред неој ден кажа дека не постои инстант решение, туку постојат интервентни мерки кои може да го ублажат, меѓутоа не да го решат проблемот со загадувањето на воздухот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: