Заврши драмата во воздухот над Русија

Безбедно слета авионот со напукната шофершајбна што со 173 патници  кружеше над Краснојарск. По повеќе од два часа кружење “Боингот 737“ со 173 патници и членови на екипажот принудно слета во  сибирскиот град, затоа што му пукнало предното главно стакло во кокпитот. Станува збор за авион на “НордСтар“ кој од Новосибирск летал за Санја, град на југот на Кина.
За среќа, капетанот видел дека еден индикатор на таблата свети црвено, откако се утврдило дека напукнала шофершајбната итно побарал слетување во Краснојарск. Авионот повеќе од два часа кружел над градот за да го испушти керозинот пред да слета, а на пистата го чекале противпожарни возила и Итна помош. Сите патници се добри и со друг авион ќе го продолжат патувањето.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: