Мисијата на меѓународниот монетарен фонд, предводена од Џесмин Рахман, која престојува во Македонија од денес до 16 ноември ќе спроведе годишен преглед на нашата економија.
– Билатералниот надзор е централен елемент на мандатот на ММФ за сите нејзини земји-членки и опфаќа сеопфатен поглед на макроекономските движења и перспективи и на економските политики на власта, информираше преку пишана изјава Себастијан Соса, резидентен претставник на ММФ за Македонија.
На крајот од мисијата, тимот на ММФ планира да објави соопштение со прелиминарни заклучоци.