Во своето гостување во емисијата “Клан Дебат“ на ТВ “Клан“ Македонија лидерот на партијата, Али Ахмети најави дека на следните претседателски избори ДУИ ќе бара консензуален претседател.
– Секако тоа е еден од ставовите кои сме ги објавиле и ќе го браниме со фанатизам и ќе го промовираме на сите простори тука во Македонија. Ние сакаме консензуален претседател, да седнеме, да разговараме, да се усогласиме“ – изјави Ахмети. Тој, исто така, кажа дека веќе има и имиња за идниот претседател, но дека сѐ уште е рано да се зборува за тоа.