Авионот “Боинг 777“ кој леташе на линијата Шангај – Париз утрово принудно слета на аеродромот во сибирскиот град Иркутск. Како што соопшти одделението за транспорт при руското Министерство за внатрешни работи авионот слетал принудно бидејќи пилотот и копилотот забележале дека во пилотската кабина се шири чад. Сите патници се безбедни, а засега не се соопштува на која компанија и припаѓа авионот.



