Утре, 18 ноември зоради протестот на Семакедонскиот национален конгрес, ќе биде блокиран сообраќајот на улиците пред и околу Собранието на Република Македонија, соопшти МВР.
„Во врска со најавен протест организиран од страна на Семакедонски национален конгрес што ќе биде одржан пред Сообрание на Р.Македонија утре, известуваме дека од 12 часот ќе биде воведен времен режим на сообраќај на улица 11-ти Октомври и тоа на потегот од крстосница помеѓу булевар Кочо Рацин и улица 11-ти Октомври до крстосница помеѓу улица Димитрие Чуповски и улица Даме Груев и од крстосница помеѓу улица Филип Втори Македонски и улица Кеј 13-ти Ноември до крстосница помеѓу улица Даме Груев и улица Македонија“, соопшти МВР.
Протестот против уставните промени е закажан за во 18 часот, а возилата што ќе се движат по улиците кон Сообранието ќе бидат пренасочени по улица “Кеј 13 Ноември“, улица “Кирил и Методиј“, булевар “Св. Климент Охридски“ и булевар “Кочо Рацин“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.