500 г кори
500 г исчистен и обарен спанаќ
500 г дробено сирење
3 јајца
150 мл јогурт
100 г маргарин
масло
Јајцата изматете ги со жица, и во садот додадете ги сирењето и јогуртот. Спанаќот исечете го и додадате го во садот. Промешајте го филот со лажица.
Во намрсена тава за печење наредете три кори и секоја попрскајте ја со масло. Нанесете фил и на истиот начин доредете ја питата. Исечете ја на коцки. На коцки исечете го и маргаринот и нанесете го на питата. Печете 30 минути на 200 степени.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.