Реформираниот комуњар Палевски „лупета глупости“

Повеќе од јасен и прецизен став на Петар Котевски. Повелете изворно:
Слушајќи го Љупчо Палевски како лупета глупости на протестот во Неделата, како меша поими што ги слушнал а не дослушнал, разбрал а не доразбрал во една невидена комуњарска пита гомноруша – ми дојде инспирација за статус кој ќе илустрира зошто продавање на национализам е мачка во вреќа. И зошто треба да бидеме посебно внимателни кога тоа ни го продава „реформиран“ комуњар.
Национализам не е доблест, туку тоа е земање на една доблест (патриотизмот) и користење на таа доблест за да се шири омраза кон луѓе кои во суштина се различни само во незначителни детали. Национализам е етнички расизам. Нема поинаков начин да се размислува на оваа тема, а ако има – би сакал да го чујам во коментар.
Патриотизмот е доблеста која треба да се бара од народот, затоа што патриотизмот е љубов кон своето, а не омраза кон различното. Ова е многу тешко за сфаќање за комуњари, затоа што нив ги движи само омразата и зависта. Нивниот најчест аргумент против патриотизам е тоа што било глупаво да се гордееш на нешто што сам не си го направил, туку го направил некој твој славен предок – на пример Александар, или Гоце, или Питу. Но патриотизмот не е гордост само на исклучоците со кои се занимава историјата.
Патриотизам е гордост на *сите*. Гордост на милион непознати Македонци низ вековите, поробени од секој кој поминал оттука, кои успеале некако да си го задржат идентитетот, посебноста и достоинството. Патриотизам за мене е гордост на мојот прадедо Перуш, за кој сум чул само од втора рака, кој помогнал да се изгради железницата кон Дивиот Запад во Америка, рамо до рамо со имигранти од цел свет, за што најверојатно бил платен смешна надница. Патриотизам за мене е гордост на моите дедовци, Борис и Јован. Едниот повеќекратно насилно мобилизиран, другиот партизан во војната. Двајцата дел од мрежата чиј еден крај завршува со мене. Не е тоа ниту срамота, ниту незаслужено. И не знам како некој може да помисли дека гордоста на таа НЕПРЕКИНАТА линија на луѓе низ милениумите, почнувајќи од самиот Биг Бенг, секој од кои си имал сопствени маки и сопствени триумфи – би била некако незаслужена, или лоша.
И не знам како некој тоа може да го користи за да девалвира некој друг краен јазол на таква идентична НЕПРЕКИНАТА линија. Нека не ве лажат – нема доблест во национализам.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.