Вашингтон: Еден од над 3000-те објавени тајни мејлови на Хилари Клинтон содржи докази дека Западот го користел НАТО како алатка за да го собори Либијскиот лидер Моамар ал-Гадафи. Планот за уривање не бил за заштита на народот, туку за да се спречи обидот на Гадафи да создаде валута со златна подлога што би била конкурент на доларот и еврото.Мејловите укажуваат на тоа дека француската воена иницијатива во Либија беше водена од желбата за пристап до поголем дел од Либијското производство на нафта, и да се поткопа долгорочниот план на Гадафи да ја истисне Франција која се наметнува како доминантна моќ во регионот „Франкофонска Африка“.
Мејлот од април 2011 година, кој е испратен на државната секретарка Хилари, од страна на нејзин долгогодишен советник по име Сидни Блументал, е насловен „Франција и златото на Гадафи“.
Порталот Foreign Policy Journal објави дека Хилари Клинтон била лично запознаена со злосторствата кои ги извршиле борците против Гадафи.
Според мејловите на Блументал Францускиот претседател Саркози го води нападот на Либија со пет цели: Да се дојде до либијското злато, да се обезбеди француското влијание во регинот, да се зголеми репутацијата на Саркози на домашен план, да се потврди француската воена моќ и да се спречи влијанието на Гадафи во „Франкофонската Африка“.
Мејловите на Блументал исто така потврдуваат дека британски, француски и египетски единици за специјални операции, месец дена по почетокот на антивладините демонстрации вршеле обука на либиски милитанти на границата со Египет и во предградието на Бенгази.
Мејловите потврдуваат и дека „златото на Гадафи е проценото на повеќе од 7 милијарди долари. Француските разузнавачи го откриле овој план кратко по започнувањето на бунтот. Саркози донел одлука Франција да ја нападне Либија, заради стравот дека во северна Африка ќе има висок степен на економска независност“.
Во мејловите се наѕира како надворешната политика се изведува во пракса. Додека во медиумите се објавува како воената интервенција врз Либија е неопходна за да се спасат човечки животи, очигледно е дека вистинската причина е спречувањето на Гадафи да ја создаде новата валута, што ќе го намали француското влијание во регионот.
Доказите укажуваат и на тоа дека француските разузнавачки служби биле информирани за иницијативата на Либија да создаде сопствена валута, и донесена е одлука да се спречи планот со воени мерки, во што е вклучена НАТО алијансата.Мејловите укажуваат на тоа дека француската воена иницијатива во Либија беше водена од желбата за пристап до поголем дел од Либијското производство