Топло чоколадо: Напиток кој ќе ги растера сивите есенски облаци

За многумина, омилениот напиток во есенските и зимските денови е топлото чоколадо, а освен одличниот вкус, неколку голтки од овој кремаст пијалак ќе му пружи заштита на кардиоваскуларниот систем, ќе ја ублажи кашлицата и ќе ги смири желудочните тегоби.
Причините зошто треба да се напиете шолја топло чоколадо уште веднаш се бројни, токму како и рецептите во кои врвните познавачи користат најквалитетно чоколадо, додека додатоците како цимет, чили или ѓумбир се повеќе од добредојдени доколку сакате да ја засилите лековитата нота на вкусниот напиток.


Потребни состојки:
– 150 грама чоколада со 60% какао
– 200 милилитри полномасно млеко
– 200 милилитри слатка павлака
– една мала лажичка кафеав шеќер
– прстофат сол
– малку цимет по желба
Припрема:
1. Исецкајте го чоколадото на ситни парчиња. Помешајте го млекото и слатката павлака и ставете ги состојките да се готват на тивок оган.
2. Штом ќе зоврие смесата, прелијте ја преку исецканата чоколада и мешајте додека не добиете густа кремаста смеса. Доколку се направат грутки, измиксирајте ја смесата со миксер.
3. На крајот додадете прстофат сол кој ќе го зајакне вкусот на чоколадото и малку цимет по желба.
Совет: наместо цимет, во топлото чоколадо додадете малку мускатно оревче, изрендан свеж ѓумбир или чили во прав.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.