Прво требаше да биде сослушан, тврди адвокатот на Мијалков

Според Законот за кривична постапка, лицето на кое му се одредува притвор прво треба да даде исказ во Судот, а потоа да му биде определен притвор, изјави адвокатот на Сашо Мијалков, Антонио Апостолски.
– Денес го примивме решението, во текот на денешниот ден ќе поднесеме жалба. Законот за кривична постапка наведува дека секое лице мора да биде повикано и сослушано и после неговата изјава да биде донесено решение за притвор – рече адвокатот Апостолски.
Како што најави Апостолски, адвокатскиот тим на Мијалков веднаш ќе поднесе жалба, затоа што поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) синоќа беше спроведен од хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје во затворот во Шуто Оризари, без претходно да биде повикан во Судот за да даде исказ.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.