Возач оставил мајка и дете да се удават по поплавите предизвикани од ураганот Метју

Полицијата мораше да употреби специјално воено возило за да ја извлече беспомошната мајка од автомобилот кој речиси целиот бил под вода.Спасувањето се случило во градот Фајетвил, едно од најпогодените места во поплавите кои ги предизвика ураганот Метју.
Според американските медиуми, жената со едногодишното дете била оставена сама во автомобилот, а возачот побегнал, но не е познато дали се работи за нејзин сопруг или пријател.
Во овој град за исчезнати се водат четири лица.
Спасувачките екипи досега спасија над стотина лица во Северна Каролина.
Бројот на жртви на невремето во САД се искачи на 17, од кои половината се во Северна Каролина.
Бројот на жртвите и штетите на разорниот ураган Метју на Хаити беше далеку поголем – таму загинаа над 900 лица. На Карибите по поминувањето на бурата загинаа 13 луѓе од колера, а 61500 луѓе беа во прифатилишта – јави британски Телеграф.Спасувањето се случило во градот Фајетвил, едно од најпогодените места во поплавите кои ги предизвика ураганот Метју.
Според американските

Пронајдете не на следниве мрежи: