Актерот Мите Грозданов замина во легендите

Бардот на македонското глумиште, познатиот актер Мите Грозданов почина вчера на 75-годишна возраст. Најголемиот дел од својата кариера го помина во Драмскиот театар Скопје, каде работеше од 1967. до пензионирањето во 2008. година.
Роден е во Струмица на 14 декември 1943. година. Во својата 40-годишна професионална актерска кариера одиграл бројни улоги во претстави, меѓу кои се „Партитура за еден Мирон“, „Лисистрата“, „Болен Дојчин“, „Војцек“, „Болва во уво“, „Јане Задрогаз“, „И бол и бес“ , „Цар Едип“, „Солунски патрдии“, „Рибарски караници“, „Црнила“, „Сомнително лице“…

 

Пронајдете не на следниве мрежи: