Основачот на Викиликс, Жулијан Асанж, се обрати во јавноста во глобален онлајн видео-пренос по повод 10-от роденден на сајтот.„Викиликс во изминатите 10 години објави 10 милиони документи. Тоа во просек се околу 3000 документи дневно“, рече Асанж и додаде дека документите откриваат, но и реакциите на владите и државите исто така откриваат.
Асанж истакна дека Викиликс се надева дека ќе објавува документи секоја година во наредните 10 недели. Вети дека објавувањата ќе продолжат, дури и ако тој мора да поднесе оставка.
„Викиликс ќе објави документи за американските избори пред 8 ноември. Некои од објавите ќе се однесуваат на владите на три држави“, истакна Асанж.
„Документите што ќе ги објавиме ќе вбројат и значаен материјал за војната, оружјето, нафтата, Гугл, и американските избори“, рече Асанж, говорејќи преку видео-линк од еквадорската амбасада.
Тој наведе дека има многу погрешни цитирања кои сугерираат дека Викиликс ќе им наштети на претседателските избори во САД. Асанж додаде и дека ќе покрене специјална структура на членството за Викиликс да остане независен.„Викиликс во изминатите 10 години објави 10 милиони документи. Тоа во просек се околу 3000 документи дневно“, рече Асанж и додаде дека