Во конфликтните зони во Сирија и Ирак од страната на т.н. Исламска држава (ИД) освен околу 3.000 граѓани на ЕУ кои војуваат, се приклучуваат и граѓани на балканските земји, каде функционираат и кампови за обука и регрутирање на борци на ИД, се вели во анализата на чешкото издание на ЕУ порталот „Еуроактив”.– Тоа е, главно проблем на тајните служби и безбедносните сили. Тие главно се фокусираат на луѓето кои патуваат во Турција и Сирија, а не на луѓето кои патуваат на Балканот, предупредува пред заканата од радикалниот Ислам, европратеникот Томаш Здеховски.
Според анализата, токму на територијата на Босна и Херцеговина, Косово, Албанија или Македонија оперираат група радикали кои привлекуваат и тренираат нови членови во редовите на ИД, јави дописникот на МИА од Прага.
На проблемот на камповите за обука во Европа, се фокусира и Канцеларијата на Европската полиција во јануарскиот извештај каде се вели дека ,,покрај тренинг-камповите во Сирија, постојат помали кампови за обука исто така и во ЕУ и балканските земји”.
Експертот за тероризам во балканските земји од Институтот за меѓународни односи (УМВ) Филип Тесар предупредува дека иако може да се причинува дека заканата од милитантниот Ислам на Балканот не се однесува на Европската Унија, балканските милитанти живеат таму.
Тој истакнува дека најмалку пет албански исламски радикали по потекло од Македонија и петмина од Косово живееле во Западна Европа – Германија, Швајцарија, Австрија, Шведска, Норвешка, а неколку други Албанци кои сакале да отпатуваат во Сирија и Ирак биле задржани во Велика Британија, Белгија, Шпанија, Италија, Грција, Турција, Египет или Саудиска Арабија.
Според истражувањето, проблемот не се однесува само на Албанците. Се проценува дека една петтина од граѓаните на Босна и Херцеговина, кои отпатувале во Сирија и Ирак со радикалните исламисти, во Западна Европа и во САД ги посетувале нивните роднини и пријатели и легално или нелегално работеле таму.
– Милитантниот ислам на Балканот е пред се наследство од војната во Југославија и тоа главно во Босна и Херцеговина, оценува експертот.
Според податоците на албанската влада, во земјата функционираат 110 борци, а според неофицијални проценки тие се околу 200 луѓе. Ситуацијата е слична и во Косово и Македонија, се вели во Извештајот.
– Политичарите воопшто не говорат за овие закани. Но на Балканот, меѓу луѓето по воените конфликти и покрај повторуваните амнестии се претпоставува дека има неколку милиони парчиња автоматско оружје, гранати и разни експлозиви. Тоа може да е огромна закана, предупредува евтопратеникот Здеховски.
– Многу е важно, во мрежата за размена на информации да нема „црни дупки” која во голема мера останува Македонија, а во минатото така беше и со Босна и Херцеговина, додава Здеховски кој објаснува дека не се работи само за соработка во истрагата, туку и за тоа резултатите од истрагите соодветно да се рефлектираат во праксата.
Експертот Тесар подвлекува дека особено за Македонија и Босна треба да има политичка одлука затоа што во другите земји на Балканот соработката е воглавно задоволителна.
Чешкиот европратеник тврди дека е потребно од кандидатските земји како Албанија и Македонија, а и Босна и Херцеговиба која допрва чека на статус на кандидатска земја да се побара да почнат силна борба против радикалните муслимани.– Тоа е, главно проблем на тајните служби и безбедносните сили. Тие главно се фокусираат на луѓето кои патуваат во Турција и Сирија, а не на