Додека околу него пратеници, професори, експерти и активисти на невладините организации дебатираат, Шилегов си игра игрички. Откако порталот Pressing TV го објави видеото јавноста бурно реагираше. За помалку од половина час по објавувањето видеото изобилува со коментари и критики. Граѓаните на шега велат дека можеби Шилегов нашол апликација која помага во чистењето на воздухот.
Играта се вика Helix Jump и како што вели нејзиниот производител, кој на овој начин и ја рекламира на социјалните мрежи, од неа се станува зависен. Можеби тоа е причината што на скопскиот градоначалник Петре Шилегов му беше поинтересна од дебатата за загадувањето.