Итно приземјен авионот на Меркел, откако тргнал на пат за Аргентина на самит на Г-20. Авионот слетатл во Келн поради проблеми во „електронскиот систем“. Само час по полетувањето, авионот морал принудно да се спушти, морал да го прекине планираниот 15-часовен пат до Латинска Америка.
Според првите информации, се работи за технички проблем, односно дефект во електронскиот систем и немало голем безбедносен ризик.
Според „Велт” одлуката за приндудното слетување била донесена по еден час лет.