Во последните четири години бројот на симпатизери на нацизмот и белиот национализам се зголеми на Твитер повеќе од 600 отсто, а нивниот раст го надмина и оној на Исламска држава и по бројот на следбеници и твитови – покажа истражувањето спроведено од Универзитетот „Џорџ Вашигтон“.Следеле 18 профили на екстремистички групи, на пример Американската нацистичка партија и Националното социјалистичко движење, на кои пред четири години биле регистрирани 3.500 следбеници, а денес ги има дури 22.000.
Белите националисти се дел од ксенофобична десница која не прифаќа мултикултуралност. Тие застапуваат расизам, односно супремација на белото мнозинство над останатите раси и култури.
Во извештајот се нагласува и дека влијанието на ИСИС на социјалните мрежи е во пад, а Твитер во август соопшти дека се укинати дури 360 илјади профили на кои се промовира тероризам и активности поврзани со него.
Од друга страна, националистите на таа социјална мрежа поминуваат „релативно неказнето“, се наведува во студијата.
Контроверзниот претседателски кандидат на републиканците Доналд Трамп, е едно од најпопуларните лица помеѓу белите националисти, судејќи според нивната поддршка кон него и посебно неговата антимигрантска политика.
Еден од почитувачите на Трамп е и поранешниот лидер Кју Клукс Клан – Гранд Визард Дејвид Дјук, пишува „Индепендент“.Следеле 18 профили на екстремистички групи, на пример Американската нацистичка партија и Националното социјалистичко движење, на кои пред четири го