За „Здружување заради непријателска дејност“ се товари Атанасовски

Владимир Атанасовски синоќа беше уапсен и однесен на сослушување кај судија на претходна постапка. Судијата го прифати предлогот на Обвинителството и на осомничениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.​ Ова доаѓа по сведочењето на браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои давајќи ја својата одбрана, како обвинети за „27 април“, како еден од организаторите на упадот во Собранието го посочија Атанасовски.
Кривичното дело за кое се товари поранешниот шеф на тајната полиција, Владимир Атанасовски е „Здружување заради непријателска дејност“, за кое му се заканува затворска казна од најмалку четири години.
„Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вечерва донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за едно лице. Постои основано сомнение дека лицето сторило кривично дело Здружување заради непријателска дејност од чл. 324 ст.1 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.