Се прават во теглата од крем и се печат на хартија за печење.
Потребни состојки:
90g бело брашно
1 големо јајце
275g Нутела (во голема тегла од 400g)
60g кршени лешници
60g кршено бело чоколадо
Подготовка:
Сите состојки истурете ги во теглата и добро промешајте со голема лажица.
Треба да добиете чоколадно тесто од кое ќе вадите топчиња со лажица за сладолед.
Наредете ги на хартија за печење.
Печете 10 минути на 180 степени.
Изгледајте го видеото за да се уверите колку се лесни и вкусни:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.