Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст, вели Димитров

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вели дека зборовите Македонците се нација со комплекс во негово обраќање од говорницата во Собранието на Р.Македонија биле извадени од контекст. Тоа тој го објаснуваше во емисијата “360 степени“ на Телевизија “Алсат М“.
„Таа реченица почнува кога завршува претходната каде велам ваш колега пратеник дебатирајќи во 2010 година рекол дека со проектот “Скопје 2014” ние за прв пат градиме македонски идентитет… Во светот каде што прв пат се гради македонски идентитет во 2010 година копајќи 2000 години наназад тоа е проекција на комплекс на инфереиорност.Не сме ние сигурни и не сме доволно горди со тоа што сме, туку ни требаат подлабоки корења и така натака“ , објасни Димитров.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.