Се ближи периодот на прослави и подарувања, па затоа почнете на време да одбирате новогодишни подароци за своите најмили.
Во случај да не знаете со што би можеле да ја израдувате драгата личност, побарајте идеа во нашиот мал водич, составен врз основа на хороскопскиот карактер на секој знак на Зодијакот.
Одберете подарок од срце. Оној што го прима подарокот ќе се израдува, пред се, од искреното внимание, нежната порака и искажаните чувства.
Овен – полн со енергија и посветен на спортот
Совршен подарок за Овенот е спортски викенд. Било кој оригинален подарок, совршено ќе му одговара на овој знак. Ќе биде презадоволен со секој единствен подарок.
Бик – обожува луксуз и се вистински гурмани
Подарете им скапо чоколадо, вечера во луксузен ресторан, или најнова масажа во познат спа-центар. Рачно изработен накит, или вредни детали за дом кои ќе ги инспирираат. Не заборавајте подарокот да им го спакувате внимателно и уредно.
Близнаци – големи интелектуалци и вечни деца
Одушевете ги со карти за концерт на омилената музичка група, годишна претплата на нивното омилено списание, или најновиот албум од изведувачот кој го обожуваат.
Рак – перфексионисти и големи емотивци
Ќе им се допадне романтична вечера за двајца, букет цвеќе или ново парче гардероба за нивната маркирана колекција. Интересот за нивното хоби ќе го ценат повеќе одошто скапоцените подароци.
Лав – сакаат да ги третирате како кралеви
Вистинскиот избор е: луксузни цигари, ретки вина, карти за театар, или концерт. За нив, всушност најважно е да бидат во центарот на вниманието.
Девици – вечни романтичари
Кога купувате подарок за Девица, морате навистина да се потрудите. Дефинитивно, обидете се да најдете нешто практично и едноставно, а поврзано со активностите и хобито кое тие го сакаат.
Вага – не очекуваат многу, но ги сметаат за најголеми естети во хороскопот
Ќе им се допадне сè што ќе им подарите, ЦД, книга или цвеќе, ќе биде доволно. Дозволено е сè освен кич.
Шкорпија – тешки барања
Сакаат скапи работи и имаат силно чувство за мода. Ќе го погодите нивниот вкус со на пример парче облека која сте ја купиле онлајн, а која преставува последен збор на модата. Но, бидете внимателни – за нешто такво да направите, треба добро да ги познавате!
Стрелец – весел и немирен
Пронејдете „луда“ ситница, интересно парче накит или да речеме пат на далечна и егзотична дестинација.
Јарец – исклучително сериозен и со чувство за совршенство
Ќе им го разубавите денот ако ги повикате на ручек, или интересна уметничка изложба. Сакаат и практични – корисни подароци, па затоа слушајте добро што им е потребно.
Водолија – сакаат да бидат мазени и пазени
Кај нив секогаш „ќе запали“ нешто интересно. Подароците за нив треба да бидат оригинални и интересни. Интересна играчка, карти за хит комедија, или да речеме ситница за автомобил – тоа се работи кои ќе ги направат среќни.
Риби – нежни и внимателни, вистински уметнички души
За нив морате добро да се потрудите, бидејќи најмногу ќе им се допадне подарокот кој сте го направиле со сопствените раце. Ако немате време да им направите нешто во малата домашна работилница, ќе ги направите среќни со рачно изработена рамка за фотографија, удобни папучи, или часови по јога.