недела, 29 ноември 2026
Најново

Бело или црвено вино, еве кои се придобивките

A waiter serves a glass of red wine from Spain during a tasting session at Vinexpo Asia-Pacific, the International Wine and Spirits Exhibition for the Asia-Pacific region, in Hong Kong May 28, 2008. REUTERS/Victor Fraile (CHINA) - RTX68P5
Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кога се ближат празниците – се е дозволено. Сигурно деновиве ќе се решите за по некоја чашка винце. Какво да одберете? Бело или црвено? Прочитајте од кое би имале позитивен ефект, па одлучете се.
Дали е добро да пиеме вино?
Се што е во умерени граници е добро. Нормално дека никој нема да ви препорача да испиете цело шише вино.
Една чаша за време на ручек се препорачува дури и за помладите. Зошто?

Црвено вино за здраво срце.
Нашите баби и дедовци и родители, до ден денес, практикуваат да се напијат чаша црвено вино за време на ручек. Ако ги прашате зошто – ќе ви кажат за здравје.
Алкохолот и одредени супстанци во црвеното вино, познати како антиоксиданси, имаат позитивен ефект на артериите. Тие го одржуваат холестеролот во нормално ниво и ги штитат срцевите артерии од оштетување. Затоа се смета дека една чашка има добро влијание врз срцето.
Бело вино за помалку нервоза.
Белото грозје е посиромашно со феноли, и содржи помал процент на калиум и калциум. Сепак тоа се смета за одличен лек за оние кои имаат проблеми со нервите. Ако сакате помалку нервоза и опуштеност- една чашка бело вино не е на одмет.
Нема штета ако го консумирате во ограничени количини.
Затоа запомнете: во мали количини и со голема доза на уживање!

Поврзани вести