Министерот за внатрешни работи на Германија Томас де Мезиер, повика на делумна забрана за носење бурка во некои сфери на јавниот живот во земјата, пренесоа агенциите.„Ние го отфрламе целосно забулување – не само бутките, туку и други видови превез кои нудат дискретност на лицето и кои оставаат да се гледаат само очите. За тоа нема место во нашето општество“, рече Де Мезиер по средбата во Берлин, во која учествуваа регионалните министри од конзервативниот блок на канцеларката Ангела Меркел.
„Обврската да се покаже лицето е од суштинско значење за нашето општество, соживот и социјална кохезија, затоа сакаме сите да ги покажуваат своите лица. Сакаме да воведеме закон кој ги обврзува луѓето да го покажуваат своето лице, а тоа значи дека оние кои го кршат законот, ќе треба да сносат последиците“, рече тој.
На средбата беше презентирана декларација за построги мерки за безбедност, вклучувајќи поголемо полициско присуство и зголемен надзор на јавните места.
Меѓу спорните предлози беше повикот за забрана на носење бурка која ги покрива лицето и телото, така и на никаб, кој ја покрива косата и целото лице, освен очите.
Според министрите, од суштинско значење е да се гледа лицето на човекот во јавните служби, за време на возење, во градинките, училиштата, универзитетите, судниците, при пасошка контрола и на демонстрации.
Нивниот повик за наметнување на ограничување на забулувањето на муслиманките сепак треба да биде одобрен од останатите партии кои учествуваат во владејачката коалиција со конзервативците на Меркел на национално и регионално ниво.
Де Мезиер изјави дека донесената декларација на средбата испраќа сигнал дека целокупното покривање не е посакувано во Германија, иако не е можно целосно да се забрани сѐ што е непожелно.
Франција и Белгија веќе презедоа акција за забрана на носење бурка на јавни места.„Ние го отфрламе целосно забулување – не само бутките, туку и други видови превез кои нудат дискретност на лицето и кои оставаат да се гледаа