Кампањата на Анонимуси против глобалниот банкарски картел под називот OpIcarus, продолжува понатаму.Тие срушија девет Централни банки Ротшилд кои сега се офлајн од причина што веруваат дека се глобален финансиски систем кој стои зад Новиот светски поредок и ги повикаа граѓаните во светот на борба против финансискиот систем кој нѐ поробува.
Почетокот на триесетдневната кампања против сајтовите на централните банки ширум светот започна со рушење на Грчките банки. Хакерите ја нападнаа и Централната банка на Доминиканската Република, Централната банка на Холандија, Централната банка на Малдивите и Финансиската служба Гернзи.
Овие институции – фабрики за наоружување, банки и други финансиски институции, владини разузнавачки агенции – имаат формирано тајна коалиција чија корупција е разоткриена благодарение на Викиликс и групата Анонимус.
„Оваа коалиција има за цел да ги сочува моќниците коишто дејствуваат преку ММФ, Федералните резерви и Светската банка, а кои ја предводат Билденбуршката група и Советот за надворешна политика. Каде лежи центарот на таа моќ? Во глобалниот финансиски центар во рамките на Њујоршката берза и Банката на Англија“ – се наведува во манифестот.
Националната банка на Панама и Централната банка на Кенија беа погодени ден подоцна. Она што досега беше операција на Анонимуси, сега стана заедничка операција помеѓу Анонимусите и хакерската група GhostSquadHackers, бидејќи еден од членовите на таа група твитнал како го соборил сајтот на Централната банка на Босна и Херцеговина и објави скриншот со кој го потврди тоа.
На Твитер профилот @BannedOffline беше наведено дека и Централната банка на Мексико стана мета на хакерите.Тие срушија девет Централни банки Ротшилд кои сега се офлајн од причина што веруваат дека се глобален финансиски систем кој стои зад Новиот светски