Македонија не е единствената погодена од невреме, поплави што однесоа човечки животи. Во 2016 година се регистрирани неколку страшни поплави што буквално сотреа делови од европскиот континент.Во невремето кое во 2016-та ги зафати Франција, Германија и Австрија, повеќе од 20 лица загинаа, а беше причинета штета поголема од 2,5 милијарди евра
Една од нив е таа на 29 мај во Германија кога малите притоки на реката Kохер во селото Баден – Вуртемберг ги поплавиле улиците на селото во рок од неколку минути. Улиците биле затрупани со камења, дрва и автомобили. Загинале четворица, тројца се удавиле во поплавата, а едно 13-годишно девојче настрадало барајќи засолниште под железнички мост. Од поплава настрадале и седум лица во Баварија, три жени се најдени удавени во подрум во поплавена куќа, една кога паднала од дрво и на една жртва ~ се урнала куќата.
Во неодамнешните поплави во Париз, кога се излеа реката Сена, се удавија четворица. Возачите на улиците биле спасувани од војската.
На почетокот од јуни годинава во Белгија починале тројца кога по четири дена дождови се поплавиле неколку делови од земјата. Истиот период, на 3 јуни, во Романија 2 лица загинале, а 200 биле евакуирани од своите домови кога поплавите предизвикани од силно невреме го потопиле источниот дел од земјата. Во акцијата учествувале околу 7.000 пожарникари и полиција.Во невремето кое во 2016-та ги зафати Франција, Германија и Австрија, повеќе од 20 лица загинаа, а беше причинета штета поголема од 2,5 милијарди е