четврток, 12 ноември 2026
Најново

Судскиот совет ретроактивно си ги зголеми платите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Членовите на Судскиот совет донеле одлука да си ги зголемат платите за 35 насто. Како што ексклузивно дознава 1ТВ одлуката има ретроактивно дејство, а тоа значи дека ќе се бара зголемена исплата на надоместок на платата за околу 21.000 денари ретроактивно за септември и октомври 2018. година.
Претседателот на Судскиот совет и воедно претседател на Судскиот буџетски совет Жарко Караџоски во емисијата “Правда и неправда” на 1ТВ најавата за ваквата одлука ја правдаше со одредби од Законот за судски совет.
Како што дознава 1ТВ седницата на Синдикатот на управата, судските органи и здруженија на граѓани на која меѓу другото ќе се расправа и за последната одлука на Судскиот совет треба да започне во секој момент.

 

Поврзани вести