Штрајкуваат вработените во Психијатриската болница во Демир Хисар

Како што јавува ТВ21 двесетина вработени во Психијатриската болница во Демир Хисар денес стапија во штрајк, а доколку нивниот статус не се реши ќе продолжат со штрајкот и утре. Причината за штрајкот е што не им се продолжени договорите на дело кои истекуваат на 31 декември.
-Нашиот протест е во име на цел колегиум. Ова дело го водиме од 1 април. Нема никој слух за нас и нашите барања. Бараме решавање на нашиот статус. Ние 30 лица сме вработени со договор на дело, без придонеси и без ништо, а работиме во установа која се занимава со пациенти со психички проблеми. Јавно се обративме и до премиерот и до Владата, но никој нема слух за нас. Бараме нови договори, но со поинакви услови од сегашните, велат вработените.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: