1кг свинска кртина
2 главици кромид
3 чешниња лук
1 морков
10 суви смокви
50 г брусници
2 лажици сув зачин
3 лажици свинска маст
200 мл бело вино
200 мл вода
1 кг помали лупени компири
4-5 моркови
масло, сол и мелен црн пипер
Засеченото месо ставете го во тава. Во засеците ставете ги лукот, кромидот и морковот исечкани на парчиња.
Брусниците и сувите смокви измијте ги со врела вода и додадете ги во засеците и врз месото. Зачинете и додадете ја маста. Прелијте со маслото, виното и водата. Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и печете 2 1/2 часа на 200 степени.
Додадете ги компирите и морковите и печете уште 40-тина минути.