Во работата на Градската партиска организација во Куманово во текот на Народноослободителната војна, техниката играше видна улога. На секој одделен член на Комнистичката партија на Југославија (КПЈ) и Сојузот на комунистичката омладина на Југославија (СКОЈ), таа му помагаше и му ја олеснуваше секојдневната револуционерна дејност и агитацио-пропагандната работа сред масите.
Прашањето за организирање на техниката при Градската партиска организација се постави мошне остро уште во првите денови на фашистичката окупација. Поради тоа, уште на првиот состанок, што Македонскиот комитет (МК) го одржа во месец април се дискутираше за техника. Меѓутоа, таа беше формирана други по Градската партиска конференција одржана на 21 мај 1941. година.
Со партиската техника раководеше членот на МК Методија Гарев, аво групата со негоа беа другарите Апостол Зурдумис – Толи, Бранко Димковски – Мошо и Бранко Богдановски – Гуцман.
Техниката располагаше со две машини за пишување, циклостил, доволни количества матрици, циклостилна хартија и бои. Другарите што работеа во техниката, беа ослободени од сите задолженија, меѓу другото и поради тоа, што за таа цел беа користени и нивните станови. На тој начин се избегнуваше полна конспирација. Покрај ова, во куќата на Вера Которка беше организирана и резервна техника. Таа имаше задача, во случај на евентуална провала на техниката да ја продолжи работата.
Опремена со најнужни технички средства и материјали, партиската техника можеше да одговори на задачите што пред неа ги поставуваше Македонскиот комитет на КПЈ.
Во периодот од мај до октомври 1941 година, покрај повеќето информативни летоци за состојбата на фронтовите и за политичката и економската положба во светот и во нашата земја, како и секојдневните радио информации за ситуацијата на Источниот фронт, таа меѓу другото ги издаде и следниве материјали: „Класата на пролетаријатот и партијата на пролетаријатот“, „Ѓорѓи Димитров“, „Држање на комунистот“, „Прогласот на ЦК КПЈ од 4 јули 1941 година“, неколку глави од историјата на СКП, „Писмо Стр. Пов. Бр. 2216 од 1920 година на Министерството за внатрешни работи на Владата на СХС за организација на КЈП и СКОЈ.
По доаѓањето на другарот Лазар Колишевски во Куманово, борбата на градската партиска организација против опортунизмот на Методи Шаторов – Шарло, тогашен секретар на ПК на КПЈ за Македонија, не само што доби по одреден и поорганизиран карактер, туку доведе и до потполн прекин на врските меѓу Македонскиот комитет во Куманово и ПК. Поради тоа, како и поради новосоздадената положба од страна на Германија на СССР, на 22 јуни 1941 година, особено по објавувањето на Јулскиот проглас на ЦК КПЈ за вооружено востание, партиската организација во Куманово требаше да дејствува посамостојно, па поради тоа и пред техниката се поставуваа поголеми барања. По сугестија на другарот Лазар Колишевски, а со цел правилно да се информира јавноста за настаниве во светот и состојбата на Источниот фронт, да се популаризира СССР, раскритикува окупаторот, борбата против опортунистичкиот ПК и да се мобилизираат масите на линијата на КЈП за вооружена борба, МК донесе решение да издава свој весник на кој му беше дадено алегоричното име „Дедо Иван“.
Весникот го уредуваше редакцискиот одбор, составен од пет члена: Панче Пешев, Благој Стефановски – Гојчо, Бојан Зафировски, Апостил Зордумис – Толи и Дејан Алексиќ.
Весникот излегуваше еднаш месечно, печатен на циклостил во свеска од по 20-25 страници. До октомври, кога градската партиска оргнизација исфрли партизански одред, составен од Карадачката група излегоа четири броја на „Дедо Иван“.
Во првиот број на „Дедо Иван“ што излезе на 15. Август 1941. година, беше објавен Јулскиот проглас на Централниот комитет на КПЈ, потоа беа помесени статии што ја раскринкуваа окупаторската политика и веоната ситуација во светот, информации за состојбата на Источниот фронт, повик на градската партиска организација за вооружена борба и др.
Вториот број на весникот „Дедо Иван“ излезе кон средината на август, третиот на 15 септември, а четвртиот во октомври, непосредно пред исфрлањето на партизанскиот одред во Куманово, но под ново име – „Партизан“.
Во партиската техника во периодот од октомври, се печатени и други материјали на ЦК КПЈ, што градската партиска организација ги добиваше преку партиската организација во Врање. Исто така се печатени и разни летоци и материјали за потребите на месната партиска организација во Прешево, наменети за албанското национално малцинство.
Во времето на излегувањето на Кумановскиот партизански одред, партиската техника печатеше и материјали наменети за одредот. Се издадени две брошури. Во едната беше упатство за водење на партизански дејствија, за потреби на воениот комитет, понатака за партизанската клетва и други материјали.
По разбивањето на Карадачката и Козјачката група, техниката издаде леток на Воениот кометет на МК Куманово под наслов „Зошто излегоа кумановските партизани“.
Во летото 1941 година, група средношколци, меѓу кои и Апостол Зурдумис – Толи и Бранко Богдански Гуцман издадоа свој весник „Солидарност“ што беше наменет исклучиво на средношколската младина.
По третиот број, весникот „Солидарност“ беше укинат од страна на МК на КПЈ и СКОЈ, бидејќи постоеше опасност издавачите да бидат деконспирирани и да се предизвика ненужна провала во градот.
За одбележување е и тоа што партиската техника не е провалена во текот на 1941 година, ниту во целиот тек на НОБ и Народната револуција.
Извор: „Наш весник“ број 1 (среда, 11 октомври 1961. година)