Сложувалките, шахот, картите и слични друштвени игри можеби не можат да го успорат процесот на стареење на мозокот, но можат да го заштитат на друг начин.
Кога станува збор за здравјето на мозокот, истражувачите неодамна дошле до заклучок дека активностите кои бараат ментална ангажираност, како што се читањето и решавањето крстозбори, можат да му помогнат на мозокот да ја спречи деменцијата во подоцните години од животот.
Во најновата студија, постарите луѓе, кои изјавиле дека во животот уживале во друштвените игри, имале помала веројатност да заболат од ментална болест во однос на другите луѓе на нивна возраст.
Имено, овие луѓе во стандардните тестови за менталната остроумност, покажале дека имаат подобри мозочни способности во однос на луѓето кои не играле друштвени игри.
Најновата студија опфатила речиси 500 стари лица во Велика Британија, кои правеле ист тест за интелигенција и тоа 11 години во континуитет. Почнувајќи од 64-та година од животот, тие одговарале на прашањето дали се занимаваат со интелектуално стимулативни активности, како што се решавање крстозбори, играње друштвени игри или читање.
Научниците заклучиле дека истото важи и за децата и за младите луѓе.