Излетал од коловоз и се превртел

Според билтенот на МВР тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа во 20.00 часот на локалниот пат Кадино – Миладиновци, кај Кадински мост. Патничко моторно возило „БМВ Х5„ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н (45) година од Скопје, излетало надвор од коловоз и се превртело.
Со повреди се здобил С.Н., кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.