Снегот ја блокираше Австрија

Снегот кој непрекинато паѓа веќе три дена предизвика огромни проблеми во Австрија. Во екот на смена на туристи, но и голем број на гастербајтери кои се враќаат од одмор во нивните татковини на југот на Европа, патиштата се покриени со снег и мраз.
Автопатот Тауернаутобан (А1) на територијата на Салцбург привремено морал да биде затворен, како со контролирана експолозија би се отстранила опаност од лавина. Аеродромот во Инсбурк од саботата речиси во целост е затворен и летовите се откажуваат. Цели делови од Австија се отсечени заради огромни наноси на снег. Бројни лавини се закануваат и на скијачките центри, па така во Салцбург една лавина прекрила скијачи кои за вистинско чудо преживеале.
И австрискиот канцелар Себајстијан Курц, кој во моментов одмора во Гросарлтау на сопствена кожа ги почувствува пробелемите со снегот, заради што бил приморан да го откаже учетсвото на партиски собир.

Пронајдете не на следниве мрежи: