Традиционален божиќен ручек ќе приреди г.г.Стефан, поканет државниот врв

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан по повод божиќните празници и својот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан, денес ќе приреди традиционален божиќен ручек за државниот врв. На божиќната трпеза се поканети претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери.
Традиционално, божиќниот ручек се одржува во резиденцијата на архиепископот г.г. Стефан, а ќе присуствуваат и дел од членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.