Во само една изјава на синоќешната заедничка прес-конференција со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Атина германската канцеларка Ангела Меркел дури три пати за северниот сосед на Грција рече -„Северна Македонија“.
– Верувам дека решението Северна Македонија разјаснува и ѝ овозможува на Северна Македонија да влезе во НАТО и во ЕУ; исто така ѝ помага на Грција … дава (евроатлантски) перспективи за земјите од Западен Балкан; тоа не е од полза само за Северна Македонија, туку и за Грција и за цела Европа, рече Меркел.