Малку е да се каже дека дедото се шокирал, а неговото “вадење” е и повеќе од комично.
Отклучениот скапоцен автомобил на паркингот делувал на еден постар Мароканец како совршена можност за кражба. Долго се двоумел како да го изведе тоа без никој да забележи, се вртел лево и десно, а не бил свесен дека во возилото има луѓе кои цело време го снимаат, но дека тој не ги гледа поради затемнетите стакла.
По долго мислење, дедото на крајот конечно одлучил. Ја отворил вратата и тргнал со раката кон касетата, кога од задното седиште го пресекол остар машки глас.
Малку е да се каже дека дедото се шокирал, а неговото вадење е и повеќе од комично.