Четиригодишниот Давор од Пехчево никаде не оди без македонското знаме

Секое дете има омилени играчки. За четиригодишниот Давор Поповски од Пехчево тоа се неколкуте стотици државни знаменца, со кои се дружи од неполна година. Сосема случајно ова хоби станало најомилено на малиот Давор, а во тоа голем удел има неговата тетка, Магдалена Поповска, која е наставничка по француски јазик во основно училиште во Пехчево.
– Роден е на 16 август и пред да наполни една година, нели на сите ТВ-канали вообичаено во ќоше стои македонско знаме за празникот Илинден. Забележав дека реагира интересно на знамето и почнав да му покажувам знамиња на „Јутјуб“. Така започна сѐ. Имаше една снимка каде се кине знамето на Мексико додека го креваа и сме ја изгледале сирурно 300 пати. Кај нас не може да се купат, па секој ден му печатев по 5-10 знамиња, дома ги сечевме и лепевме и така ги имавме сите – објаснува тетката на Давор за Деца.мк, и додава дека во целиот процес на правење на знамињата бил вклучен и тој и дека насекаде по дома има траги од лепилата.
За третиот роденден неговата тетка му нарачала 200 знамиња од „Али експрес“.
– Не можам да ви ја опишам неговата среќа. Скокање, викање, пискање… Каде и да одиме, си носи знаменца, а со химната на Палау едно време и заспиваше. Кога ќе го прашате кое му е омилено знаме, секогаш кажува – македонското и албанското. Едно време бидејќи немавме албанско знаме, му цртав на крпи…па после набавивме т.е кумот му донесе подарок. И албанското и македонското знаме ги шетаме насекаде – вели тетка му на Давор.
извор deca.mk

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.