Поради интензивни врнежи од снег, на патниот правец Струга – г.п. Ќафасан во 16:45 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила, соопштија од ЈП „Македонија пат“. Од истите причини во 17 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила и на планинскиот превој Стража.На Фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“, пред околу еден час беа објавени фотографии од моменталната состојба на Стажа на кои може да се види долга колона возила и нерасчистен снег на патот.
Стража блокирана, ич не поаѓајте, се вели во објавата на „Ѕид на сообраќајниот срам“.



