четврток, 12 ноември 2026
Најново

Нема да има теренска вакцинација против морбили во уличиштата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Од министерството за здравство информираа дека иако првично на Комисијата за заразни болести ја разгледувале опцијата со почетотот на второто полугодие невакцинираните деца со дозвола на родителите да примат МРП вакцина, сепак донеле одлука дека немало потреба тимовите за имунизација да одат по училиштата бидејки засега со морбили нема заразено школко дете, а не биле вакцинирани само околу 5 отсто односно околу 3700 ученици, повеќето првооделенци.

Службите за имунизација на невакцинираните ќе им испраќаат покани на врата кога да дојдат во пунктовите. Инаку останува на сила мерката во градинките да не се примаат невакцинирани деца.
– Во градинките задолжително се проверуваат вакциналните картони, изјави Мила Царовска, министер за труд и социјална политика.
На Инфективна вчера биле потврдени уште 8 нови случаи со мали сипаници. 4 лица се хоспитализирани на Клиниката, 3 се деца од Скопските општиони Сопиште, Аеродром и Карпош, не оделе во градинка и не биле вакцинирани, а 4-от пациент е на 25 годишна возраст од тетовско.
Досега со морбили заразени се 77 лица

Поврзани вести