4 едноставни начини да останете среќни и полни со енергија за време на зимските месеци

За повеќето луѓе зимата е здодевен студ и најдобро се поминува внатре под топло ќебе. На почетокот промената на температурата е одлична – воздухот е свеж, а очекувањето на снегот ве возбудува. Но по неколку недели, особено кога ќе помине празничната еуфорија, зимата како да ви ја одзема целата енергија.
Сепак, постојат некои работи што можете да ги направите, а што ќе ви помогнат да бидете продуктивни и полни со енергија додека ја чекате пролетта. 
1. Поставете си возбудлива пролетна цел
Целите што ве возбудуваат можат да ве расположат во кој било период, особено во текот на зимата. Размислете што сакате да постигнете до пролет и започнете да работите уште сега. Ова нека ви биде мотивација да останете активни во текот на студените месеци.
Може да станува збор за фитнес цели, финансиски цели, или пак одмор за којшто сонувате одамна. Без разлика што е, одберете нешто што ве возбудува и што ќе ве натера да бидете продуктивни.
2. Мали активности
Колку поактивни сте во текот на зимата, дури и ако го правите тоа со мали активности, толку полесно ќе ви биде да ја поминете неделата и да почнете да делувате кога ќе има потреба од тоа. Најважно е да не ја заборавите врската помеѓу умот и телото. Многу луѓе живеат како нивните ум и тело да се целосно одделни, но она што му го правите на едното, има влијание на другото.
Ова значи дека ако секој ден пешачите малку повеќе, ги користите скалите наместо лифтот или јадете поздрава храна, ќе имате повеќе енергија во текот на зимата.


3. Спијте доволно
Во текот на зимата не постои опасност само од недостаток на спиење, туку има ризик и од претерано спиење. Лесно е да ја заборавите вашата рутина за време на празниците и за брзо време ова ќе има влијание на вашиот перформанс и мотивација. Ако спиете премногу, ќе се чувствувате уште поуморно. Па ако ве обземала мрзливата атмосфера, можно е да спиете повеќе од потребното и да се прашувате зошто се чувствувате изморено.
4. Правете интересни и чести планови
Еден од најдобрите начини да останете продуктивни е да се активирате со пријателите и семејството, и тоа не само за празниците. Можеби возбудата ќе помине, но сè уште ќе ве чекаат уште два месеци зима што треба да ги преживеете. За да се вратите во форма, размислете за некои нови нешта што можете да ги правите со вашите сакани. Секогаш имајте испланирано нешто за наредната недела, така што ќе имате на што да се надевате. Можете да прошетате на место каде што има снег, да одите на планинарење, на концерт или пак едноставно отидете на ручек и разговарајте со најдобриот пријател.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.