СДСМ ќе бира претседател со отворен повик за самокандидрање

Денес на својата веб страница Социјалдемократскиот сојуз на Македонија објави отворен повик за самокандидрање на кандидати за претседателски избори 2019 година. Рокот за пријавување на кандидатите е до 19 февруари, а кандидатот за претседател на партијата ќе биде објавен на конгресот закажан за 3 март.
Во огласот се наведени четири критериуми кои се бараат од кандидатите: да е личност со висок општествен углед, да биде способен за извршување на високи државнички функции, да ужива доверба на членството и симпатизерите на СДСМ, како и да биде личност која на најдобар начин ќе ја оживотворува политиката на СДСМ и ќе работи на реализација на стратешките приоритети на Република Македонија-полноправно членство во НАТО и ЕУ, како и меѓународна афирмација и промоција на Република Македонија.
Одлуката за објавување повик за кандидирање била донесена на последната седница на Централниот одбор на СДСМ. Тогаш беше најавено дека до крајот на неделата ќе се одржи и седница на Извршниот одбор кога ќе се донесе конечна одлука дали ќе има предвремени парламентарни избори заедно со претседателските.
Покрај овој СДСМ денес објави и отворен повик за самокандидрање кандидати за градоначалници на општините Охрид, Дебар и Ново Село за локалните избори, кои ќе се одржат со претседателските.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.