… со фин прелив од кисела павлака и сок од лимета.
Потребно е:
1 луто црвено пиперче, ситно исецкано
2 чешниња лук, ситно сецкани или згмечени
1 помала главица кромид, ситно сецкан
1 морков, исецкан на коцкички
250 г варена леќа
1 јајце + 1 белка, изматена
1/4 чаша (од 250 мл) лебни трошки
1 лажица ким
1 лажица маслиново масло
за преливот:
сок од 2 лимети
4 полни лажици кисела павлака
сол
Подготовка:
– На загреано масло пропржете ги лутото пиперче, кромидот, лукот и морковот додека не омекнат. Потоа оваа смеса помешајте ја со сварената леќа и додадете го јајцето, лебните трошки и кимот. Смесата треба да биде доста влажна и малку леплива.
– Земајте од смеасата со лажица и со раце формирајте топчиња. Потоа слескајте ги како плескавици (од оваа количина намирници треба да добиете 9 плескавици).
– Ставете ги да се пржат на загреано маслиново масло да добијат коричка и да поруменат од двете страни.
– Сега преминете на подготовка на преливот. Измешајте ја киселата павлака со сокот од лиметите и посолете по вкус.
Сервирање: На секоја плескавица од леќа ставете по малку од преливот од павлака и послужете. По желба одозгора можете да посипете со сецкан свеж магдонос.