Девет загинати, 30 повредени и 50 евакуирани – билансот од пожарот на висококатница во Париз

Страшен пожар кој почнал од седмиот и осмиот кат од станбена зграда во југозападниот дел на Париз ноќеска однесе девет животи, а повеќе од 50 станари се спасени од запалените станови и густиот чад од огнот. Граѓаните спасот го барале бегајќи кон покривот на зградата, а многумина седеле на прозорците. Толку можеле да сторат 200-те пожарникари кои учествувале во гаснењето на пожарот, кој многу брзо се ширел.
– Пожарот беше екстремно брз, противпожарните екипи правеле напори тој да не се разнесе и на околните згради. И жителите од околните згради биле евакуирани, објаснува градоначалникот на овој дистрикт.
Од полицијата објаснуваат дека засега има една осомничена жена која имала проблеми со менталното здравје.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.