Во 12,45 часот на Граничниот премин “Меѓународен Аеродром-Скопје“ од Стокхлом-Шведска допатувала 47-годишната A.B.P.E. од Глоговац-Косово, а со место на живеење во Шведска.
По извршената пасошка контрола и проверка дозволен и бил влез во Македонија, но во 13,15 часот од страна на вработен во безбедност на ТАВ, било пријавено дека таа сака да пријави настан на полициските службеници.
Од страна на A.В.Р.Е. било пријавено дека додека и била вршена контрола врз нејзиниот багаж од двајца царински службеници и биле земени 3.000 евра.
Со пријавителката извршиле разговор и лица од Секторот за професионална одговорност на Царинската управа.
Се работи на расчистување на случајот.