Европа и нејзиниот судир на цивилизациите

Францускиот премиер Мануел Валс, одеднаш го покрена прашањето дали исламот е компатибилен со француската демократија и „европските вредности“.Ново истражување во Велика Британија минатата недела го покажа длабокиот јаз меѓу секуларното општество и верските убедувања на значителен дел од муслиманската заедница во земјата.
Во Германија, претставници на службите за безбедност отворено изразуваат силна загриженост дека исламистички групи поврзани со тероризмот бележат сериозни успеси во врбувањето на луѓе, пишува Џон Вајнекер во „Волстрит џурнал“.
Во Европа веќе се зборува за судир на цивилизациите – тема која долго време беше сметана за забранета. Како владин шеф на земја со историски сложени односи со муслиманите, Валс во серија јавни состаноци и интервјуа во последните недели се откажа од најбезбедниот тон на изјави од типот „Сите сме исти“. Францускиот премиер сѐ уште тврди дека верува како Франција и исламот се компатибилни.
Но и тој признава дека „мнозинството“ од Французите доживуваат сомнежи и дури не се обидува да ги побива. Иако салафитите сочинуваат само 1 процент од 5-те милиони муслимани што се претпоставува дека живеат во Франција, „нивните пораки во социјалните медиуми се единствените кои стигнуваат до младите муслимани“, истакна Валс.
Надвор од границата, во Германија, исто така се смета дека ситуацијата нема да се смири со блажената верба дека сè е во ред, а неистоислениците со тоа се нарекуванаат „исламофоби“. Канцеларката Ангела Меркел минатата година направи погрешна проценка дека земјата може да преземе повеќе од еден милион бегалци од Блискиот Исток и да го избегне зголемениот потенцијал за варварство, кој со себе го носи салафитското течение на исламот.
Ханс-Георг Масен, кој ја предводи германската служба за внатрешна безбедност, минатата недела ги предупреди новинарите дека има „голема опасност“ од терористички напади во земјата. Според него, во Германија има 8650 салафити, чиј број расте „речиси секој ден“. Тој рече дека младите муслимански бегалци нудат „огромен потенцијал за радикализација“ и се особено омилени за врбување од страна на салафитите. Германија, за разлика од Велика Британија и Франција, засега не е жртва на исламистичките терористички напади.
Познатиот француски Арап, Жил Кепел, ги опишува салафитите: „Не секој салафит е џихадист, но секој џихадист е салафит“. Според премиерот Валс, активните салафитски групи „ ја освоија идеолошката и културната битка во круговите на францускиот ислам“. Тој додава дека „битката за републиката и нејзиниот секуларен карактер е заборавена“.
Во современа Франција, каде што оваа дебата сега е доста напредна, отколку во Германија, прославувањето на републиката и нејзиното уставно оддалечување од религијата се сметаат за идеално средство против инвазијата на каква и да е агресивна вера или свештени текстови. Сега Валс, порачува дека републичката парадигма веќе е неадекватна против терористичките движења, чија привлечност ја вклучува и религијата. Валс бара начин да покаже дека голем дел од француската политичка и интелектуална елита – и особено левицата на неговата социјалистичка партија, која негира дека исламот е суштината на проблемот – стануваат карикатури, соочени со привлечноста на исламистичката доктрина со тврдењето дека таа ја исполнува Божјата волја, со уништување на Западот.
Валс вели дека треба да се преземе „ново освојување“ на републиката во републиката. Објаснувајќи го овој израз – алудирајќи дека може да се кандидира за претседател во 2017 година ако неговиот непопуларен шеф Франсоа Оланд одлучи да не се бори за втор мандат – премиерот така ја изложи визијата за (претседателските) избори:
„Се разбира, има проблеми во економијата, има невработеност, но позначајна е битката за културата и идентитетот “.
Многу е веројатно дека Мануел  Валс да сака да го стави исламот во Франција под строг надзор, создавајќи посебен статус за него, кој би барал од (муслиманската) заедница да го прифати владеењето на француското законодавство над Куранот.
Тој ги повикува претставниците на муслиманската заедница да проповедаат ислам кој е „француски, организиран и професионален“.
Муслиманските лидери како одговор на тоа изјавија дека овие искази внесуваат „поделба“ во општеството. Вистината е дека Франција, која не ветува ниту светост ниту рај, денес не може успешно да се натпреварува со врбувачите на радикалниот ислам.
Премиерот нема што реално да понуди во замена да се постигне компатибилност, во која тврди дека верува. Бескрајните ветувања на француската внатрешна политика ја потрошија оваа „валута“ пред речиси 10 години, кога претседателот Никола Саркози ја пушти како „пробен балон“, а потоа не доби никаква реакција од социјалистите за апстрактната програма на активни мерки.
Таа би можела да им даде големи можности на муслиманите во замена за договор за прилагодување кон француското општество – нешто што изгледаше невозможно во 2016 година, кога Марин Ле Пен веднаш би прогласила постоење на дискриминација против белите (локалните) Французи. Што се однесува до желбата на Валс да воведе контрола врз исламот во својата земја, тоа ги заменува победите на Западот на теренот против Исламска држава на Блискиот Исток и супресијата на сегашната идеја меѓу младите француски муслимани дека пристапувањето во редовите на салафитите ги качува на шампионскиот пиедестал.
Во еден свет на тероризам и бесрамна нестабилност, Мануел Валс, кој зборува дека Франција се соочува со „војна на цивилизациите“, нема да биде првиот политичар кој сигурно ќе открие дека искреното зборување, колку достојно и точно да е, не носи автоматски надомест за досегашната причинета штета на Истокот.Ново истражување во Велика Британија минатата недела го покажа длабокиот јаз меѓу секуларното општество и верските убедувања на значителен дел од м

Пронајдете не на следниве мрежи: